СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен жител на Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 33 куршуми калибар 7,9 милиметри кои нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.