Кривична пријава
Пронајдени куршуми во домот на охриѓанец
Кривична пријава против 54-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – се вели во соопштението на СВР Охрид.


