Skip to main content

Соопштение на вмро дпмне охрид

Пропадна асфалтот на ул. Јане Сандански

„Охриѓани се сведоци како изгледаат криминалните проекти на СДСМ“, се вели во дел од соопштението на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
 |  инфодеск  | 
Пропаднат асфалт

Ако СДСМ за ,,успешност” и ,,градежна офанзива” го сметаат ваквиот изглед и состојбата на улицата ,,Јане Сандански” со пропаднат асфалт тогаш навистина имаат проблем со тоа што значат зборовите успешност и градежна офанзива, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Пропаднат асфалт

Неспособноста на СДСМ и Константин Георгиески се виде претходно кога се крена асфалтот на улицата ,,АСНОМ”, потоа кога пропадна асфалтот на кружниот тек на улицата ,,Железничка”, и дефинитивно се докажа сега со улицата „Јане Сандански“ за која и претходно предупредувавме за неправилности. Е вакви криминални проекти остави претходната Локална власт на СДСМ.

Заврши нивното криминално време кога пред избори се копаа и асфалтираа улици, сега со ВМРО-ДПМНЕ и градоначлникот д-р Кирил Пецаков промените се гледаат и сега е вистинско време кога се реализираат проекти за Охрид. Во Охрид секојдневно се работи и се решаваат проблемите на граѓаните. Многу повеќе е направено за 6 месеци отколку за нивните 4 години. Разликата во работата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и охриѓани ја гледаат – додаваат оттаму.

Пропаднат асфалт