Пропадна тендерот за избор на најповолен оператор за дезинсекција и деритизација во општина Охрид.
На јавниот повик пристигнала само една понуда од Центарот за јавно здравје за да изврши хемиски третман против комарци и глувци. Тендерската постапка за справување со комарците и глодарите ќе биде повторена.
Неуспешен е тендерот за избор на оператор кој хемиски ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. На јавниот повик објавен на 26 мај за дезинсекција и деритизација во општина Охрид , денес пристигнала само една понуда од Центарот за јавно здравје. Општината за оваа намена издвоила над 420.000 денари, а во понудата од Центарот за јавно здравје цената била 20 посто повисока и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид.
„Во ова сума се вклучени според она што ние го бараме во спецификацијата три терестријални запрашувања против комарци и две деритизации на каналите против глодари на целата територија на општината. “
Со повторување на тендерската постапка ќе се одложат планираните хемиски третмани против комарци и глувци.
„Поточно требаше да се врши дезинсекција на потегот од Подмоље по целото крајбрежје до Св. Наум. Ларвицидна дезинсекција ќе се врши два пати во месец јуни, а во месец август адултна дезинсекција“.
Деритизацијата, пак против глодари во шахтите низ градските улици на територија на опшптина Охрид според планираното ќе треба да се врши во месеците јули и во еден од есенските месеци, октомври или ноември.