Пропаѓа непроценливо вредната колекција монети која во моментов ја има Сосиете Женерал Охридска банка
Повеќе од една деценија не е направена конзервација на монетите, а државата не е заинтересирана што се случува со непроценливото движно културно богатство, укажуваат археолозите. Тие апелираат надлежните институции да се заложат колекцијата да се врати во градот, а која незаконски ја поседува банката.
Пропаѓа нумизматичката збирка која содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, повторно предупредува Даница Бачева ,археолог нумизматичар и автор на поставката. Скоро една деценија колекцијата е оставена без заштита. Археолозите предупредуваат дека колекцијата ќе пропадне ако еднаш во годината монетите не се конзервираат од страна на стручни лица. Тие немаат сознание дали во изминатите години е направена таква заштита. Како што предупредува археологот Даница Бачева, колекцијата од непроценливо движно културно богатство незаконски со зградата на банката е отстапена на Сосиете Женерал Охридска банка и се наоѓа во Скопје. Без успех останаа нејзините апели кои со години како автор на поставката ги упатувала до Управата за заштита на културното наследство, до музејот и поранешниот градоначалник, колекцијата монети како движен споменик на културата од банката да се вртати на градот. Таа тврди дека колекцијата како непроценливо културно наследство не подлежи на купопродажен договор. Сега по гласините дека Сосиет женарал Охридска банка ќе се повлекува од Македонија археологот стравува што ќе се случи со колекцијата. Повторно апелира институциите да преземат мерки колекцијата да се врати во Охрид каде што и припаѓа.
„ Прво да се види дали е точно дали ќе има продажба и дали ќе се повлекува од Макоеднија Социет женерал Охридска банка. Второ дали е извршена конзервација на монетите и вокава состоја се. Државата да си преземе правни мерки за заштита на културното богатсво на Македонија и да постапат по Законот. Движно култруно наследство не подлежи на купопродажен договор. Државата и правниците да си ги преземат работите во свои раце“, препорачува Бачева.
Арехеологот, професор д-р Виктор Лилчиќ, поранешен директор на Упратавата за заштита на културното наследство, предлага колекцијата за да се врати во Охрид, а за тоа да се за ангажира владата.
„ Таа збирка е законски регистрирана и не може да се земе. Може ако се покрене процес, а одлука за тоа донесува Владата. Се прави информација од Владата. Завод и Музеј-Охрид ќе помогне за владата да донесе таква одлука“, сугерира поранешниот директор на Уаправата за заштитата на културното наследство кој имаше можност и претходно да се заложи поставката да се врати во Охрид.
Најдобра алтернатива е збирката да се изложи во Музејот на Робевци бидејќи и првичната идеја на поранешниот директор на Охридска банка, Најденко Попоски била збирката да биде подарок за граѓаните на Охрид, нагласува Бачева. Додава, поставката сега е од затворен тип и не е достапна за пошироката јавност со што се руши првичната цел на поставката. Последен пат и било овозможено на Бачева да ја види колецијата монети пред една година од зад стаклените витрини во зградата на банката во Скопје, но никој не може да знае во каква состојба се и дали во колекцијата се оргиналните монети. Вредната збирка монети беше подарок во 2005 година од некогашна Охридска банка за градот Охрид.