Проширена листата со производи кои може да се плаќаат со картичката „Купувам домашно“
Граѓаните ќе може да купуваат облека, обувки, мебел, лекови. Може да плаќаат и услуги како на пример шишање, летување во хотел или кампирање.
Од денес се проширува листата на продавници и услуги кои ќе се достапни за граѓаните со картичката „Купувам домашно“. Со новата уредба се додадени нови дејности и услуги. Граѓаните покрај храна, ќе може да купуваат лекови во аптеки, во продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинство. Може да платат и за фризерски услуги, во салоните за убавина и за други услужни дејности.
Домашната платежна картичка дополнета и со услужни дејности во хотели, одморалишта, кампови и други објекти за сместување. Но ќе може да се плаќа и во туристички агенции и оператори, во ресторани, за достава и подготовка на храна и пијалоци, пиљари, пекари.
Со владиниот проект “Купувам домашно” , производите се означени на рафтовите, се купуваат Македонски производи и услуги, со што се придонесува да се зачуваат работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност.