Skip to main content

Ќе се реконструира и проширува градското пристаните

Пратеникот Александар Николоски во посета на капетанијата на пристаништата.

 |  Маленкова Татјана  | 
pristaniste
пристаниште

На средбата со новоназначениот капетан Горан Устијаноски и преставникот на билатералниот секретаријат Дејан Паноски се дискутирало за измените на законот за внатрешна пловидба за кои се расправа денеска во совранието на Р Македонија, но и за реконструкцијата и доградбата на градското пристаниште и како тоа би влијаело на животната средина.  

„Првата измена е имплементација на директивата 87 низ 540 од европската економска заедница, сега pristanisteевропаката унија која целосно се прилагодува во македонското законодавство. Второ е изменување на делот кој се однесува на концесионирањето и третиот дел се однесува на тоа кој може да управува со плови објектии да поседува пловни објекти, каде се воведуваат стандарди кои се присутни и во други области“, вели пратеникот во собрание на Р Македонија, Александар Николоски.
 
Капетанот на капетанија Горан Устијаноски најави дека се подготвуваат неколку значајни и проекти за пристаништето , меѓу кои е оној за санација, чистење и доградба. Устијаноски додава дека овој проект треба темелно да се разработи, затоа што е значаен и за пловните објекти, но и за градот и државата.

„Санација која опфаќа санирање на инфраструктура на пристаништето  во однос на водата струјата и канализацијата и еден поперспективен проект, покрупен  а тоа е дооформување на охридското пристаниште, односно еден крак кој би го заштитил охридскот пристаниште од брановите и јаките ветрови, со што ќе придонесеме пристаништето да се претвори во украс на градот односно да врши функија на марина“, додаде капетанот на капетанија на пристаништа, Горан Устијаноски.
sredba Nikoloski, Panoski, Ustijanoski
На денешната средба во Охридската капетанија присуствуваше и преставникот на билатералниот секретаријат со цел да се изнајде начин како да се изведат сите значајни проекти, а зафатите да не му штетат на биодиверзитетот на охридското Езеро. „Проширување на пристаништето е многу значаен зафат и  треба да се внимава од сите аспекти“, категоричен е Паноски.

„Се што ќе се направи како опфат било да се работи за стратешки, било да се работи безбадносен, било да се работи за инсфраструктурен опфат кој ќе се случува околу пристаништето и со сообраќајот како приоритет треба да ја има заштитата на охридското езеро, заштита на живиот свет и заштита на луѓето и се она што е во контакт со Охридското езеро, за да можеме да обезбедиме квалитет на водите на охридското езеро и да недојде до никакво нарушување од тој аспект“, вели преставникот на билатеријалениот секретаријат,Дејан Паноски.

Капетанот на капетанијата – Устијаноски открива дека  капетанијата преку своите служби веќе разработува стратегија  за подобра и поефикасна контрола на пловните објекти, за  следнава седона, но и за регучирање на таксите кои ги плаќаат сите оние кои имаат плавни објекти.

{loadposition content9}