Црковно народна прослава во Куратица на Успение на Пресвета Богородица и 25 години од изградбата на храмот

Во село Куратица во петок, 28 август, свечено ќе биде одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица, а годинава се одбележуваат и 25 години од изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
По повод големиот христијански празник, Црковниот одбор „Св. Никола“ од Куратица подготви богата програма со црковни и музички содржини, како и заеднички ручек за верниците и посетителите.
Во пресрет на празникот, во четврток, 27 август, црквата ќе биде отворена од 18 часот до 1 часот по полноќ. Верниците и посетителите ќе имаат можност да запалат свеќа и да бидат послужени со пијалак.


Централната прослава ќе се одржи во петок, 28 август. Црквата ќе биде отворена од 9 часот, додека светата литургија ќе започне во 9:30 часот.
По литургијата, од 12 часот започнува музичката програма, на која ќе настапат Анастасија Митровска, Николче и Игор со групата „Елита“.
Кумот на овогодишната прослава , Станко Миленкоски со фамилијатаа за сите присутни обезбеди ручек, од 13 часот.
Кумството за следната година го презема Бојан Митрески со фамилијата.
Од Црковниот одбор ги повикуваат верниците, жителите на Куратица, иселениците и сите добронамерници да бидат дел од прославата на еден од најголемите христијански празници посветени на Пресвета Богородица.







