Skip to main content

Протест во Ј.П. „Нискоградба“

Вработените бараат да им се исплатат неколкуте заостанати плати и придонеси.

 |  Голабовски Крсте  | 
strajkuvac
штрајкувач

Вработените од Никсоградба на протест. Велат дека причината за протестот се провлекува подолг период, некаде од месец декември минатата година кога добиле само половина плата. Тогаш им биле исплатени 8000 денари кои ни оддалеку не им се доволни, а велат дека треба да платат кредити, сметки, а тука се и давачките за храна и друго. Исто така, вработените се жалат дека не им се платени ни придонесите за здравствено осигурување. Велат дека веќе се наоѓаат на работ на егзистенцијата.

strajkuvaci„Крај со крај? Ако се ставиш ти во моја положба сигурно ќе земеш и заем од некаде, а како ќе го вратиш тоа после не знам,“ вели Митко Наумоски, вработен во „Нискоградба“.

Им било ветувано од страна на директорот Владо Цветкоски дека до 15-ти ќе им бидат исплатени барем дел од заостанатите плати, но останало само на тоа, како што вели Наумоски, лажно ветување.
Побаравме и став од раководството на ова јавно претпријатије, а директорот Владо Цветкоски не информира дека во текот на денешниот ден ќе биде извршена исплата на половината од декемвриската нето плата.

Што се однесува до исплатата на јануарската плата, Цветкоски во телефонски разговор не информира дека истата ќе биде реализирана до крајот на наредната недела.

strajkuvaciМеѓу работниците на протестот немаше претставници од синдикатот, бидејќи, како што велат штрајкувачите, тој веќе подолго време не функционира. Тие видно вознемирени не сакаа да зборуваат пред камерите, но изненадени се и зошто има нови вработувања во претпријатието и покрај тешката финансиска состојба во која истото се наоѓа. Инаку протестот беше прекинат после најавата дадена од директорот Цветкоски, дека наскоро ќе бидат исплатени заостанатите плати.

{loadposition content9}