,, Од чинарот до ѕвездите,,
,, Од чинарот до ѕвездите,,. Ова е насловот на документарецот кој ќе се снима за фестивалот Охридско лето.
Ќе се снима првиот документарец за фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика на филмско платно да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал кој започнал во далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи ја црквата Света Софија и согледувајќи ја нејзината акустичност запеала во овој единствен простор. Документарецот ќе биде промовиран за 55 роденден на фестивалот. Во тек се подготовките за реализација на овој проект а се обезбедуваат и видео материјали од Фестивалот и настаните низ годините.
Дел од материјалот е обезбеден од архивата на установата, а според раководството, од голема помош ќе бидат и материјалите од медиумите. Веќе се направени контакти со националната МРТ а во последните 2 години фестивалот направи комплетна видео и аудио документација за сите настани, вели директорката.
Дел од снимките пак биле обезбедени и од најблиското семејство на Ана Липша Тофовиќ.
Веќе подолго време правевме напори да ги обезбедиме оргиналните снимки од далечната 1961 година кога и започнува приказната Охридско лето. Семејството Тофовиќ за среќа тие материјали, кои за нас имаат непроценлива вреднаост, ги има зачувано и ни ги отстапи, додава Јанкуловска .
Филмот ќе содржи и разговори со врвни истакнати личности, учесници кои ќе ја раскажуваат приказната ,,Охридско лето,,.Ќе има многу видео материјали, музика, разговори со вработените и соработниците кои што се од самите почетоци на фестивалот, оние кои ја креирале политиката, директорите, членовите на управните одбори, селекторите, соработниците.
Првиот документарец за Охридско лето ќе се реализира со подршка на Министерството за култура, претседателот на РМ и Општина Охрид а ќе може да се користи како туристички производ за привлекување на гости.
{loadposition content9}