Во изминатите два дена, на 3-ти и 4-ти декември во Охрид се одржа Конгрес на македонските нуркачи. Конгресот имаше за цел размена на искуства, проблеми, замки и трикови во нуркањето, како и соработка помеѓу клубовите и Центрите, но и барање на насоки што може да се направи за иднината на нуркањето во Македонија.
Чисто езеро не би имале без бројните акции на нуркачите за чистење на езерското дно. Тие неуморно го промовираат градов како атрактивен туристички центар во зима со китење на подводната новогодишна елка, а се дел и од организацијата на богојавленската манифестација за што искрено им сум благодарен. Тие се тие кои учествуваат и несебично се вложуваат во секоја акција за спасување животи независно дали е кај нас во друг град или во соседството. Она што го прават е значајно и вредно за сите нас – вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Шеесетина нуркачи зедоа учество на првиот Конгрес на нуркачи кој што е во организација на Kлубот за подводни дејности „Охрид“.