Прв уписен рок во средното угостителско училиште
Почнуваат уписите на учениците во прва година во Регионалниот центар „Ванчо Питошески” Охрид. И годинава се нуди три и четиригосишно образование. Во познатото средно угостителско училиште се образуваат најдефицитарните профили. Келнер, готвач, слаткар. Во текот на наставниот процес имаат дуално образование, покрај теорија, учениците имаат и многу пракса и излегуваат подготвени на пазарот на трудот.
„Од четиригодишните профили ќе ги истакнеме хотелско туристичкиот техничар, техничар за настани и анимации, угостителскиот техничар и техничар за рурален туризам. Значајно е што и оваа година продолжуваат со доделување на стипендиите од страна на министерството за образование и наука. Тоа значи секој ученик кој ќе се запише во дуална паралелка е потенцијален добитник на стипендија од 3 500 денари, – вели Марјан Радески директор на Регионалниот центар „Ванчо Питошески” Охрид.
Професорите годинава очекуваат поголем број ученици да пројават интерес за образование во сферата на угостителството и туризмот.
„Оваа година очекуваме зголемен број на ученици бидејки самиот тренд во угостителството и туризмот налага што поголем број работници. Сведоци сме сите дека годиниви наназад е доста зголемена побарувачката, меѓутоа имаме голем одлив на работен кадар. Така да побарувањата од страна на угостителскиот сектор се големи. Се надеваме дека оваа година ќе имаме зголемен број на ученициво угостителството и туризмот” – објаснува Радески.
Првиот уписен рок е на 14 и 15 јуни, а новина оваа година е што за прв пат аплицирањето ќе може да се направи и по електронски пат.
Новинар Соња Рилковска