Прва форумска сесија во рамки на проектот Зајакнување на општинските совети
Општина Дебрца во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, почнува со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2023 година (среда) со почеток во 10 часот, во ОУ „Дебрца“ во Белчишта. На првата форумска сесија учесниците ќе се запознаат со форумскиот процес и ќе дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти – информираат од Општина Дебрца.
Повеќе на следниот линк