Skip to main content

Општина дебрца

Прва форумска сесија во рамки на проектот Зајакнување на општинските совети

На првата форумска сесија учесниците ќе се запознаат со форумскиот процес и ќе дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.
 |  инфодеск  | 
Општина Дебрца

Општина Дебрца во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, почнува со реализација на  Проектни форуми во заедницата.

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2023 година (среда) со почеток во 10 часот, во ОУ „Дебрца“ во Белчишта. На првата форумска сесија учесниците ќе се запознаат со форумскиот процес и ќе дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти – информираат од Општина Дебрца.

Повеќе на следниот линк