Skip to main content

Како се формираше АРМ

Прва генерација регрути на АРМ во охридската касарна во далечната 1992

Панче Јамандиев од тогашен Титов Велес бил првиот војник на новата македонска армија кој воениот рок го започнал во охридскиот гарнизон, а бил дочекан од првиот командантот на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.
 |  инфодеск  | 
Прва генерација регрути АРМ Касарна Охрид

Mладински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организирашe трибина повод денот на АРМ -18ти Август.

На трибината говореа Генерал Филип Котели, за формирањето на АРМ, Пол. Павле Момировски- за, Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница преземање на караулата и формирање гранични единици, Пол. Кемо Ѓозо – Интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ, Пол. Добре Вељаноски – Формирање на првата единица во Касарна Охрид. Присутните ја посетија и Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада, а се одржа и проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната „Михајло Апостолски“ во Охрид.

Станува збор за навистина редок видео запис за тоа како изгледаше охридската касарна каде во 1992,  свечена заклетва-обврска дадоа војниците-регрути од првата генерација на АРМ како и првиот регрут- припадник на Армијата на Република Македонија, Панче Јамандиев од тогашен Титов Велес. Тој бил првиот војник на новата македонска армија кој воениот рок го започнал во охридскиот гарнизон, а бил дочекан од првиот командантот на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.

Тогаш, покрај министерот за одбрана на РМ, Трајан Гоцевски, на заклетвата присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Митре Арсовски, командантот на корпусот, полковник Панде Петровски, пратеници во македонскиот парламент од Охрид и Струга, претставници на Сојузот на борците од НОБ, претставници од полицијата и другите државни органи, бројни граѓани и роднини на војниците. Пред свечената заклетва, рапорт на министерот Гоцевски, му предал командирот на касарската стража на охридскиот гарнизон ,капетан Зоран Костовски.

Видео записот е направен од снимателот и видео хроничар, Симон Карамешиноски.