Skip to main content

СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид

Прва награда за ученичка од СОСУ “Св.Кирил и Методиј” на регионален натпревар по биологија

Честитки за постигнатиот успех на регионалниот натпревар по биологија!
 |  инфодеск  | 

Од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид информираат дека нивната ученичка Ана Зороска од прва година здравствена струка ја освои првата награда на регионалниот натпревар по биологија обезбедувајќи пласман на државниот натпревар.

-Овој значаен успех претставува резултат на нејзината долготрајна посветеност, сериозен пристап кон научната дисциплина и длабока љубов кон биологијата. Ѝ посакуваме искрено успех на државниот натпревар и сме уверени дека Ана и понатаму ќе нè прави горди со своите знаења, труд и посветеност, стои во соопштението од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”.

Ментор на ученичката Ана е професорката Даниела Стојаноска.