Второ место за тимот од Црвен крст Охрид на регионалниот натпревар по прва помош
Во перидот кој следи ќе се подготовуваат за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2026 година.

Eкипата на Црвен крст Охрид го освои второто место на Регионалниот натпревар по прва помош кој се одржа во Скопје во конкуренција на 14 екипи.
Во екипата по прва помош беа Марио Ѓорески, Ивона Ристеска, Стефани Шапевска, Антонија Шуменкоска, Теона Талевска – ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид и Филип Танаскоски и Ања Алческа – ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид.
Во перидот кој следи ќе се подготовуваат за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2026 година.







