Skip to main content

511 првачиња денес за прв пат седнаа во училишните клупи

Први септември, почеток на новата учебна година. Вкупно 511 првачиња за прв пат седнаа во клупите на основните училишта во градов. Нив ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески и им посака добар успех и убави школски денови.

 |  Јаковлева Лионела  | 
приредба
priredba

511 првачиња денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Во основните училишта во општина Охрид утрово свечено започна новата учебна година. По тој повод во ОУ „Христо Узунов“ се одржа свеченост каде на првачињата успех во школувањето им посака и градоначалникот Никола Бакрачески.

-Им посакувам среќа и успешно совладување на наставните програми. Нивните учители ќе вложат напори овој премин од нивното детство што полесно да го прифатат и што полесно да се прилагодат кон новата средина на знаења и учење и ќе им овозможат на првачињата да го засакаат училиштето, своите другарчиња и да ги прифатат своите учители и програми, рече градоначалникот.

Градоначалникот рече дека денес наставата во сите основни и средни училишта во градов започна непречено. Бакрачески го посети и ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти.bakkraceski Тој потенцираше дека на Локалната  еден од приоритетите и е образованието и подобрувањето на условите во образовните центри во градов, па потсети на бројните зафати кои ги направија во изминатиот период.

Со проектот за меѓуетничка интеграција со поддршка на УСАИД и општината се изврши реконструкција на ОУ „ Братство и единство“ каде беа обновени санитарните јазли, прозори, во ОУ „Кочо Рацин“ се врши замена на кровната конструкција и санитарните јазли, се изврши реконструкција и на ОУ „ Живко Чинго“ во Велгошти. Во летниот распуст се изврши фарбање во сите училишта, хортикултурно уредување на дворовите, додаде Бакрачески.priredba

Директорот на ОУ „ Христо Узунов“, Тони Симоноски рече дека тие како училиште целосно се подготвени за новата учебна година.

Во летниот период го саниравме училиштето, го уредивме дворот, приодите до училиштето ги направивме, а конечно ги ставивме во употреба и семафорите на раскрсницата до училиштето што години наназад беше горлив проблем, рече Симоноски.

Симоноски потенцира дека се преземени и сите мерки за превенција од зараза од жолтица согласно насоките дадени од министерството за здравство.
Инаку, бројот на првачињата кои се запиша оваа година е за 50 помалку споредено со минатата година.

{loadposition content9}