Првата дама сучеше комат со Наташа Неданоска од “Пирустија Неданоски“
Првата дама Елизабета Ѓоргиевска денеска сучеше и месеше охридски деликатеси со помош на Наташа Неданоска од „Пирустија Неданоски“ за ранливи граѓани.
„Преку македонската национална кујна се поврзуваме со нашите корени, зачувувајќи ги кулинарските богатства што се пренесуваат низ генерации. Комат, кошмишпите, старински бовчи и колач медено срце, беа дел од нашето охридско „мени“, кое со голем мерак го подготвувавме за најранливите сограѓани.“ – објави на Фејсбук Ѓоргиевска.
Таа изрази благодараност до инспиративната Наташа Неданоска, сопственичка на Домаќинска куќа „Пирустија“ во с. Рамне и членка на Slow Food Ohrid, до нејзините ученици и до Ретвитни oброк за прекрасната енергија при подготвувањето на охридските деликатеси кои беа донирани онаму каде што се најпотребни преку Црвен Крст.