Првата Виа Ферата на Галичица е спремна за авантуристите
Првата Виа Ферата во Национален Парк Галичица, ќе биде пуштена во употреба во понеделник ( 11-ти јули). Името на првата Виа Ферата на Галичица е „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја.
Оваа патека за искачување на посетителите ќе им овозможи нов вид авантура и еден сосема поинаков начин на другарување со природата и доживување на особено атрактивните панорамски вредности на паркот. До Виа Фератата, се стигнува од излетничкото место Корита, по лесна пешачка патека во должина од 1,2км и просечно времетраење од 30мин.
Почетната точка на фератата се наоѓа на 1465 мнв, а највисоката точка која се достигнува е на 1685 мнв. Виа Ферата е изработена со финансиска поддршка од ПОНТ (Prespa Ohrid Natural Trust), во рамки на проектот „Авантуристичка зона во Националниот Парк Галичица“.