Skip to main content

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај, меѓународниот ден на трудот. Овој празник се повеќе се заборава. Граѓаните немаат желба за празнување, а синдикатите изнаоѓаат нови форми за одбележување на денот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
skara
скара

Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба.  Следбеници на оваа иницијативата се работничките синдикати кои вообичаено на овој ден организираат мирен протестен марш. Но Сојузот на синдикати на Македонија веќе втора година со ред не организира ваков марш. Драган Цветкоски, претседателот на регионалниот синдикат вели дека оваа година празникот се одбележа со започнување на кампања за економско-социјални совети на локално ниво.синдикат

Од година во година спласнува еуфоријата и меѓу народот за одбележување на Први мај. Луѓето се помалку сакаат да зборуваат за значењето на овој ден. Годинава во најголем дел изостана вообичаената првомајска скара, музика, веселба. Една од причините за тоа е беспарицата, а друга пак што за многумина овој празник е работен ден, вели Димитрија Стојчески поранешен синдикалец. Тој се присети на годините кога Денот на трудот се славеше на 1ви и 2ри Мај, но не само со општонародни веселби туку и со протести и пароли со кои се потсетуваше на работничките права.

Стојчески вели дека мора посериозно да се поработи на остварување на правата на работниците, посебно сега кога царува приватниот сектор и кога голем дел од нив се нарушени. Тој додава дека без задоволна работничка класа не може да се гради успешна држава.

{loadposition content9}