Први награди и пласман на државен натпревар за учениците од ОУ „Братство Единство“ на Регионален хорски и оркестарски натпревар
Од ОУ „Братство Единство“ информираат за нивните одлични резултати кои ги постигнаа на Регионалниот хорски и оркестарски натпревар организиран од Здружението на музички педагози (ЗМП).
Имено, училишниот мултиетнички хор под раководство на наставникот м-р Бурим Хидри освои прва награда со 96 поени и со тоа се здоби со право да учествува на Државниот натпревар што се одржува во Кавадарци.
Во категоријата за вокална интерпретација под менторство на м-р Хидри, учениците Калина Шешова (VI одделение) и Димитар Димоски (IX одделение) освоија први награди со 96 поени и обезбедија учество на државниот натпревар што ќе се одржи во Штип. Прва награда со 92 поени освои и Ајџан Реџеп (VII одделение), а втора награда со 89 поени освои Кимете Демо (VIII одделение).


