Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година
Денешнaта научна конференција посветена на Охридско – Дебарското септемвриско востание од 1913 година, кренато од тогашното локално македонско и албанско население, а против тогашната српска окупација претставува прво аргументирано академско видување на овој историски настан.
Прво академско и аргументирано видување на Охридско-Дебарското востание од 1913-та година, настан чиешто неодамнешно одбележување од страна на албанските и бугарските историчари, предизвика низа бурни реакции во јавноста. Само за информација пред десетина дена бугарски и албански историчари на симпозиум во организација на општина Струга востанието од 1913 година го нарекоа албанско бугарско. Зоран Тодороски директорот на Историски архив на Република Македонија истакна дека недозволиво е да се подигнуваат спомен плочи во чест на албанските востаници испишани само на албански јазик, кога според историските факти македонците рамо до рамо со албанците војувале против тогашниот српски окупатор.
„Сето она што е изградено без согласност со Законот за јавни споменици, бидејќи на еден начин тоа е дивоградба, се тоа треба да се сруши. Тоа е непримерно поведение и таков собир според мене е исполитизиран, затоа ние на овој собир ќе ми дадеме академски степен и достопинствено одбележување на овој настан заеднички, тоа е востание заедничко.“, објаснува Тодороски.
Драги Георгиев, директорот на Институтот за национална историја, потенцира дека овој настан не може да се одбележува само на албански јазик затоа што во востанието учествувале и македoнското и албанско население. Доколку истиот заслужува да има споменик оваа конференција верувам дека тоа и ќе го потврди, а тогаш тоа треба да биде двојазичен, а не само на еден јазик.
„Јас незнам лично во чија организација беше тој настан и која беше целта ние апсолутно не стоиме зад тоа и она што ние денес ќе го имаме е ставот и она што ќе го кажат академските историчари кои академски се занимаваат со тој проблем без политизирање на настанот“,објаснува Тодороски.
Од Институтот за духовно и културно наследство на албанците признаваат дека на минатонеделниот собир во Струга не биле поканети нивни претставници. Но, стојат на ставот дека настанот бил легитимен бидејќи на истиот учествувале од Унијата на историчари албанци.
„Последните 100 години овде во Македонија и бивша Југославија се беше искривено изјаловено , фалсификувано. Денеска и утре тука и во Дебар ќе имаме прилика да се соочат нашите научници албанци и македонци и врз основа на факти и аргументи кои за прв пат се достапни, бидејќи досега биле затворени архивите за нас ќе може да се каже вистината“, истакна Шефкет Зеколи.
Инаку денешната научна конференција е во организација на Институтот за национална историја, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Државниот архив на Република Македонија . На собирот ќе учествуваат 13 научни работници од овие три институции.
{loadposition content9}