Skip to main content

Прво издание на „Црешнобер“

Промоција на заштитниот знак на Требеништа-црешата, староградска музика и уметнички дела од ликовната колонија во Белчишта. Одржан првиот фестивал „Црешнобер“.

 |  Мишел Наумоски  | 
creshi
цреши

Creshnober 2014Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата како бренд на селото Требеништа, токму за таа цел на првиот „Црешнобер“ беше подготвена изложба на цреши, беа изложени и дела од ликовната колонија во Белчишта, а покрај тоа, во забавниот дел од фестивалот беа изведувани познати староградски песни. „Црешнобер 2014“ траеше два дена, а се организира под покровителство на општина Дебрца.

{loadposition content9}