Skip to main content

Прво па машко бебе во Охрид

Во тек се и други раѓања на Одделот за гинекологија. Градоначалникот Кирил Пецаков ќе ги посети новороденчињата и мајките на првиот ден во новата 2024 та година.
 |  инфодеск  | 
sleeping baby on white textile

Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе,родено во 01:54 мин, информираа од Општа болница Охрид.

Среќната мајка на 27 годишна возраст, роди здраво машко бебе тешко 2730 гр, а ја породи дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со екипата. Ова е трета рожба на мајката, предходно имала 2 женски деца.

Во тек се и други раѓања на Одделот за гинекологија.

Денеска во 13:30 минути Градоначалникот Кирил Пецаков ќе ги посети новороденчињата и мајките на првиот ден во новата 2024 та година.