Skip to main content

Првото бебе во оваа година е машко

Првото бебе во оваа година е машко. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути.

 |  Валентина Неловска  | 

Синчето  е  втора рожба на триесетгодишната мајката Нита Кркути од Дебар. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути. Новороденчето е здраво  бебе, родено  со тежина од 3600 грама, а долго 54 цм.

Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид,  предводено од гинеколог  д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и  неонаталогот д-р Зорица Стрезоска.

Традиционално, се очекува мајката  и првороденото бебе во Новата година да ги посети градоначалникот Константин  Георгиески при што ќе им додели пригодни подароци.