Skip to main content

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Зоран Станкоски  и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода.

 |  Валентина Неловска  | 
spasiteli
spasiteli

Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно.
„ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски.

спасителВо моментов Стојаноски и Станкоски се ангажирани  на охридскиот базен во СРЦ „Билјанини извори“. Тие се грижат за што поголема безбедност на капачите и на рекреативците и на децата од школите за пливање.  Обајцата се согласуваат дека сепак одговорноста е многу поголема на отворени води.

„Потешко е на езеро. Многу ситуации зависат од временските услови, дали има ветер кој може да предизвика бранови, дали врни или грми. Проблеми се јавуваат со кајчината и педалинките каде што мора да интервенираме и надвор од заштитената зони. Во секој поглед е потешко на отворни води за дејаствување на спасителите на вода“, потврдува  Стојаноски.

Спасителите на вода извршуваат хумана работа која на капачите им влева сигурност и спокојство за нивната безбедност кога се во вода. Спасителите  Стојаноски и Станкоски потенцираат дека  важни во нивната работа се и психичката и физичката подготвеност.
Сепак, мал приоритет даваат на психичката подготовеност за да се издржи  притисокот  и да се преземат  работите во свои раце,  да  се стави ризичната ситуација под контрола, истакнуваат  спасителите на вода.

Зоран Станкоски  и Љупчо Стојаноски се само дел од лиценцираните 180  спасувачи на вода со кои располага ОО Црвен Крст. 

{loadposition content9}