ПСС Охрид оваа зима нема да интервенира при заглавени возила на забранетиот пат на Галичица
Во пресрет на зимата и најавените врнежи од снег Планинската спасителна служба Охрид апелира на совесно и внимателно однесување во планина. Граѓаните да ја почитуваат забраната за движење со возила од месноста Корита кон планинксите врвови и Ресен.
Тој пат е затворен за сообраќај од 15 ноември до 15 март, не се одржува поради непредвидливи услови, силни навеви на снег и ветер. Минатата година ПСС имаше четириесеттина интервенции за извлекување на заглавени возила, но годинава велат нема да интервенираат при вакви случаи. За сите кои нема да ја почитуваат забраната ќе има и казна за непочитување на сообраќајните правила.
„Најголемиот проблем го претставуваат оние несовесни граѓани, кои и покрај забраната над локалитетот Корита продолжуваат со возила во простор каде што има огромни наноси на снег каде што со ниту едно теренско возило е невозможно да се помине. Создаваат проблеми, бидејќи заглавуваат, а потоа се јавуваат на нашите броеви. Нашата примарна дејност е спасување човечки животи при несреќа. Од тука луѓето апсолутно и максимално да се придржуваат до поставената сообраќајна сигнализација Да не се движат каде што има целосна забрана заради нивна безбедност”., вели Антонио Додески раководител на ПСС Охрид.
Расте бројот на жртви во планина. Изгубени, паднати во провалија и повредени. Затоа од ПСС апелираат граѓаните совесно да се однесуваат во планина.
„Имавме параглајдерски несреќи, имавме несреќи со АТВ возила, кои се реалност и очекуваме тој број да срте бидејќи како што ратсе туризмот така ратсе и бројот на несреќи. Невозможно е колку и да се преземаат мерки несреќите во авантуристичкиот туризам секогаш ќе бидат присутни а ние сме тука да гинтервенираме и да ги ублажиме псоледиците. Уживајте во снегот, снежните планини во зима се особено убав амбиент за комплетен психофизички одмор меѓутоа соодветно да се опремени за условите за планината, патеката да носат храна и вода и да не забораваат секогаш да имаат мобилен телегфон со полна батерија за да побараат помош” , додава Додески.
Изминатава година ПСС интервенирала при 34 несреќи во планина од кои 13 со сериозни тешки повреди, а два со смртни случаи. Според статистиката најголем процент жртви на планина дури 80 % се локалното население во Југозападниот регион.
Новинар Соња Рилковска