Заврши спасувачкатa операција за пронаоѓање на холандски параглајдерист кој попладнево падна на Галичица. Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на несреќата.
“По имобилизацијата со хеликоптер на МВР повредениот холандски државјанин е транспортиран во скопските клиники.” – информираа од Планинската спасителна служба Охрид.
Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот.
“Поради сериозните повреди на р’бетот параглајдеристот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата, а со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР” -информираа од Цук.
Планинската спасителна служба била алармирана за случена несреќа на параглајдерист, холандски државјанин во која се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.
На Галичица веднаш биле упатени полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад.