Skip to main content

Клуб за потрага по исчезнати лица

ПСС започна соработка со Клубот КУЧЕ СПАСИТЕЛ

Активна соработка помеѓу Планинската спасителна служба и новоформираниот Клуб за потрага по исчезнати лица „Куче спасител“.
 |  инфодеск  | 
Куче спасител состанок

Планинската спасителна служба од неодамна започна активна соработка со новоформираниот Клуб за потрага по исчезнати лица „Куче спасител“, кој го предводи познатиот дресер на кучиња од Охрид, Ефто Стојаноски.

За потребите на клубот, Планинската спасителна служба ќе обезбеди соодветна опрема за удобно одгледување на кучињата, како и за безбедна теренска работа на водичите, кои ќе бидат од големо значење во потрагите по исчезнати лица во иднина, на планина и во урбана средина.

Апелираат до јавноста и до одгледувачите на кучиња, доколку имаат можност и желба, да донираат млади кучиња, на возраст од 5 до 10 месеци, за потребите на клубот, за потрага по исчезнати лица.

За поголема ефикасност, се преферира кучињата да бидат од расата Белгиски овчар или друга динамична раса, во консултација со дресерот, информираат од клубот.