Skip to main content

Пукна хидрант во Трговскиот Центар Градско Пазариште

Пукнатите хидранти во станбените комплекси се грижа на куќните совети или Агенцијата која е задолжена за одржување на тој објект. Таква хаварија денес регистрира камерата на ТВМ во Трговскиот Центар Градско Пазариште, а екипата на МЈП Проаква реагираше веднаш и покрај што не се надлежни за санирање на дефекти од ваков карактер.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Од студеното време пукна хидрант во трговскиот Центар „Градско Пазариште“. Неколку минути огромна количина на вода прскаше од цевката на овој уред. И покрај тоа што беше заштитена со ткаенина цефката попушти поради температурата која деновиве паѓаше длабоко под нулата. Екипата на Работна Единица на Водовод пристигна неколку минути после дојавата. Раководителот на дистрибуција за вода Влатко Иваноски, во телефонска изјава за ТВМ истакна дека ваквите проблеми биле очекувани и сметаат дека нивниот број ќе се зголемува.

„Сите екипи работат на отстранување на дефекти што се јавуваат после одмрзнување. Најчесто се јавуваат за пукнати хидранти пукнати вертикали, не е наша обврска тоа да го правиме но затвораме вода правиме што можеме помагаме“.

Со дефектите низ градов се справувале 5 екипи и само за еден час биле пријавени околу 10 дефекти на разни места низ градов. Иваноски појаснува дека луѓето каде што настанал дефектот сами ги сносат трошоците за настанатиот дефект бидејќи не се придржувале кон препораките за заштита на водоводните елементи во услови на енормно ниски температури. Исто така Иваноски нагласи дека луѓето кога ќе се случи ваков или сличен дефект не треба да преземаат ништо на своја рака туку да се обратат до претседателот на куќниот Совет или до Агенцијата која го одржува објектот.