Skip to main content

Општина Дебрца

Пумпните станици во Дебрца ставени во функција

Општината и ЈПКД „Дебрца“се отворени за спогодбено надминување на проблемите со операторот на електрична енергија.
 |  инфодеск  | 
Дебрца

ЕВН ја повлече одлуката за исклучување на пумпните станици во Дебрца и истите се повторно ставени во функција, информира градоначалникот Зоран Ногачески.

„Општината и ЈПКД „Дебрца“се отворени за спогодбено надминување на проблемите со операторот на електрична енергија.“ – напиша Ногачески во објавата на фејсбук.

Предходно тој информира дека Општина Дебрца поднела Барање за времена мерка повторно вклучување на електричната енергија на пумпните станици до надлежен суд.

„Исклучувањето што го изврши ЕВН е спротивно на член 44 од Правилата за снабдувањето со електрична енергија според кој операторот не може за неплатени сметки да исклучи водоснабдителен систем. Операторот може да побара од должникот да се склучи договор со кој ќе се дефинира гарантен инструмент дека сметките ќе се плаќаат. Ако должникот не прифати склучување на таков договор тогаш може да се примени мерка исклучување. “-  посочи Ногачески.

Инаку, од понеделникот вечерта без вода за пиење останаа Арбиново, Издеглавје, Слатински Чифлик, Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник, Подмоље и меѓународниот аеродром Св Апостол Павле затоа што пумпните станици за вода во Арбиново, Издеглавје, Требеништа, Мешеишта и Оровник беа исклучени од снабдување со електрична енергија од страна на ЕВН поради неплатени сметки од страна на водоводното претпријатие.

Дебрца очекува времена мерка повторно вклучување на струјата на пумпните станици | Портал ТВМ (tvm.mk)

Без вода останаа неколку села во Дебрца, ЕВН ги исклучи пумпите од напојување | Портал ТВМ (tvm.mk)