„ Пупинова медаља“ за охридскиот историчар проф. др. Павле Митрески
„Пупинова медаља“ за охридскиот историчар проф. д-р Павле Митрески.
„Пупиновата медаља“ свечено врачена на охридскиот историчар, професор др. Павле Митрески. Професор Митрески го доби високото српско одликување за неговата истражувачка работа со која преку факти докажал дека корените на српскиот научник Михајло Пупин водат потекло од нашиот крај. Овој настан ме враќа во минатото и младоста и се чуствувам гордо, истакна при тоа Митрески. Иницијативата за истражувањето потекнал од српски профеосри и научници од Белградскиот Универзитет, напоменува историчарот. Почнав пред три децении со научна работа за да докажам дека семејството на Михајло Пупин води потекло од Македонија.
„ Јас почнав да трагам. Моите истражувања се макотрпни, тешки не се едноставни за да докажам дека води потекло од Македонија, роден во Идвор, Војводина, деклариран како Србин и така познат во светот. Јас да докажам дека неговите предци пред 250-300 години водат потекло од тука, не е едноставно, тоа мора да се документира за да се убедат и тие што мислат добро и лошо“, вели професорот Митрески.
Медаљата ја доделува фондацијата „Младен Селак“, продолжувач на светски позната фонадација Михајло Пупин. Фондацијата го носи исто така името на светски познатиот пронаоѓач. Во Макеоднија има мал број на добиотници кои ја добиле наградата Пупинова медаља. Наградата ја добиваат не само врвни иноватори, туку и општествено политички личности кои даваат свој придонес за развој на својата земја. Од името на Фондацијата која е регистрирана од српското Министерство за култура овој пат оди во рацете на Проф. Павел Митрески, истакна Проф. Милан Божиќ.
„ Павле Митрески е наш пријател, човек посветен на науката, некогаш бевме лавови предадени и посветени со голем ентузијазам за добробит на нашата земја. Ние не ги забораваме пријателите и Пупиновата медаља доаѓа во прави раце. Доприносот на професорот, ако се споредува со добитниците на медаљата во Србија која ја имаат добиено 5-6 луѓе, од српската академија за науки и уметности, проф. Митрески е трет човек во тој ранг која ја добил“, истакна проф. Божиќ.
„Пупиновата медаља“ на професорот Павле Митрески му беше врачена во Локалната самоуправа. Заменикот градоначалник Ангел Јанев упати честитки до професорот за неговиот придонес за расветлување на животот и делото на Михајло Пупин.
Иако Михајло Пупин е роден во Идвор , Војводина, во текот на неговиот живот научникот не ја заборавил Македонија. Пупин на Париската мировна конференција во 1918-1919 се борел за нејзина автономност и ја издејствувал Декларацијата „ За правата на малите народи“. Од фонадацијата „Олимпија Пупин“, посветена на неговата мајка, како еден од побогатите американци, финасирал во образованието на талентирани деца од Македонија. Многу ученици од Охрид и Струга ј акористеле таа можност. Со помош на донацијата на Пупин била изградена и мала училишна зграда, денес каде што е сместена Галеријата на икони. Исто така ја изградил и камбанаријата во Св Богородица Перивлепта , а го донирал и најголемото ѕвоно за оваа црква.