Skip to main content

Пушка и куршуми пронајдени кај жител на Горенци

На 12-ти и 13-ти јануари 2022 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на А.А. (52) од охридското село Горенци. 

 |   | 
Полиција

На 12-ти и 13-ти јануари 2022 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на А.А. (52) од охридското село Горенци.

Притоа, пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло” калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.