Skip to main content

Јубилеј од 40 години постоење

Пуштен во употреба новиот ангиограф во Кардиолошки

Денес ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, одбележува 40 години постоење, раст и развој. Во чест на одбележувањето на јубилејот и Светскиот ден на срцето, Министерот за здравство Беким Сали во употреба го пушти новиот ангиограф.
 |  инфодеск  | 
Ангиограф

Во Специјализираната болница „Свети Стефан“ во Охрид пуштен во употреба новиот ангиограф добиен преку Министерството за здравство како замена на стариот кој е вон функција. Апратот во употреба го пушти Министерот за здравство Беким Сали.

Денес токму на одбележувањето на јубилејот од 40 години постоење на Специјализираната болница „Свети Стефан“и официјално го промовираме пуштањето во употреба на новиот ангиограф со кој се подобрува квалитетот на здравствени услуги на одделот за интервентна кардиологија. За набавката на ангиографот се обезбедени средства од МЗ во износ од 30 милиони денари – истакна Сали.

Беким Сали

Овој апарат ќе придонесе за подобрување на квалитетот услуги во одделот за Интервентна кардиологија и за намалување на листата на чекање.

Денеска на одбележувањето на денот на одбележувањето на нашиот четириесет годишен јубилеј, почнуваме нова деценија со нов ангиограф, кој ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги за нашите пациенти во делот на интервентната кардилологија, како и можноста за нови дијагностички и тераписки процедури и најважно од се намалување на листата на чекање на елективниот програм – вели д-р Елена Коваческа Башуроска, директор на ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Стефан“.

Ангиограф

Охридската специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања е една од 4-те болници во државава која располага со ангиораф. Но на установата во која повеќе од 2000 пациенти годишно од југозападниот регион како и од Ресен и Битола добиваат дијагностички и интервентни процедури, неопходен и е уште еден ваков апарат. Министерот вели дека тоа е во план со отворањето на новиот блок во специјалната болница „Св. Еразмо“.

Таа установа ја планираме да биде центар за интервентни кардиолошки услуги, а оваа зграда ќе биде рехабилитационен центар. Така да, за во иднина една таква инвестиција како ангиограф, ќе биде испланирана после отворањето на таа болница – рече Сали.

Ангиограф

Специјализираната болница „Свети Стефан“ го одбележа својот 40 годишен јубилеј, на свеченост која се одржа во Катедралната црква „Света Софија“.

Ангиограф