Skip to main content

Зошто доцнат платите?

Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“?

Од официјалниот допис се гледа дека само за три месеци, односно за, последниот квартал од 2022 на СОС балкан медиа му се исплатени фантастични 141.000,00 ден или близу 2.500 еур. Од друга страна, за вработените во ЈП „Градски пазар“ доцни декемвриската плата, која наводно дури денес е исплатена.
 |  инфодеск  | 

Зошто доцнат платите во ЈП „Градски Пазар“? Дали ВД директорот Александар Попоски е на чело на ова ЈП да води грижа за вработените или за одредени правни субјекти?

Во врска Барањето за пристап до информации, кое нашата редакција квартално го доставува до сите ЈП и Локалната самоуправа за тоа како се трошат парите на даночните обврзници кон медиумите, денес го добивме следниов одговор.

Од официјалниот допис се гледа дека само за три месеци, односно за, последниот квартал од 2022 на СОС балкан медиа му се исплатени фантастични 141.000,00 ден или близу 2.500 еур. Од друга страна, за вработените во ЈП „Градски пазар“ доцни декемвриската плата, која наводно дури денес е исплатена.

Се обидовме телефонски да го прашаме директорот Александар Попоски како се врши и зошто се дава приоритет во исплата на средствата на ова претпријатие? Зошто се дава приоритет на одредени субјекти и дали можеби се врши одреден притисок врз него? Тој не одговараше на нашите повици, што во последно време е пракса. Со неодговарање на телефонските повици охридската јавност е ускратена за информации во врска соработењето на ЈП „Градски пазар“.