Skip to main content

Општина Дебрца

На 20-ти март ќе се одржи работилница за изработка на првиот интегриран локален развоен план (2024-2027) за Дебрца

Работилницата  ќе се одржи на 20.03.2024 (среда) со почеток во 10:00 часот, во  салата на советот на општина Дебрца с, Белчишта.
 |  инфодеск  | 
Општина Дебрца

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-Фаза 2, кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започнува  со изработка на првиот интегриран  локален  развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година. За таа цел е предвидено одржување на работилница за подготовка на SWOT анализа за потребите на интегрираниот  локален  развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година, работилницата ќе ја водат претставниците на SEG Holding.

Вашето присуство на работилницата е многу значајно за успешноста на изработката на  SWOT анализата (и запознавање со ресурсите на општината) како и за квалитетна изработка на ИЛРП (интегриран  локален  развоен  план), велат од општината.

Работилницата  ќе се одржи на 20.03.2024 (среда) со почеток во 10:00 часот, во  салата на советот на општина Дебрца с, Белчишта.