Младински Центар Охрид во понеделник, 30 октомври организира работилница за кариерно советување.
„Ве покануваме да бидете дел со што тоа ќе биде отскочна даска за вашиот кариерен напредок. Научете што е потребно за успешна апликација за работа и како да се претставите во најдобро светло. Ќе биде презентирана и нова методологија имплементирана од Германски Институт во Р.Македонија – ProfilPASS, која се покажа за успешна со што вие ќе бидете потенцијалните кандидати кои ќе имаат бесплатен пристап, велат од Младински Центар Охрид.
Работилницата ќе се одржи во 12 часот во просториите на Центарот во поранешната касарна.