Skip to main content

Работилница на тема „Научи вештини за да го водиш својот живот“ во организација на Црвен Крст Охрид

Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 26.03.2025 г. (среда) со почеток во 20:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да научат да практикуваат животни вештини за здрав и успешен живот.
 |  инфодеск  | 

Продолжува соработката на Црвен крст Охрид со организацијата Canadians for Children at Health Risk, од Торонто, Канада во чии рамки се организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема НАУЧИ ВЕШТИНИ ЗА ДА ГО ВОДИШ СВОЈОТ ЖИВОТ (LEARNING SKILLS TO LEAD YOUR LIFE).

Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 26.03.2025 г. (среда) со почеток во 20:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да научат да практикуваат животни вештини за здрав и успешен живот.

Фасилитаторот на работилницата Dr. Raphael Lindsay од Торонто, Канада, ќе изнесе многу корисни совети и стратегии кои ќе помогнат младите:

– да се охрабрат едни со други и оспособат преку различни активности за грижа за себе и јакнење на самодовербата,

– да се мотивираат и поттикнат младите да останат ангажирани за помош во заедницата и позитивен живот.

Ги покануваме сите оние, од 16 до 25 годишна возраст, ентузијастични, амбициозни и посветени млади кои своите капацитети, знаења, спобоности и слободно време ги инвестираат во себе и заедницата, да ја искористат и оваа можност за надоградба на своите животни вештини и навики.