Коалицијата за клима во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, како и регионалниот координатор за Југозападен плански регион, организираат работилница за еколошки граѓански организации од Југозападниот плански регион.
Работилницата ќе се одржи на 22-ри март со почеток во 12:00 часот во салата за состаноци на општина Охрид. На работилницата ќе се разгледуваат обврските кои што ги имаат здруженијата согласно законската регулатива во државата, како и правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, а се со цел да се зајакнат интерните капацитети на еколошките здруженија од регионот.
Организирањето на работилницата е дел од активностите предвидени во годишниот план за работа на Коалицијата за клима и регионалниот координатор за Југозападен плански регион кои што се поддржани во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. Присуството на работилницата може да го потврдите на следните емаил адреси: liljana.jonoski@gmail.com и/или vahidmemed22@gmail.com
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ е предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.