Skip to main content

Работилниците на МСО Охрид, за разрешување на конфликти

Младински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид,  Велгошти, Пештани и Лескоец.

 |  Голабовски Крсте  | 
konflikt
конфликт

uceniciМладински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид,  Велгошти, Пештани и Лескоец.

Целта на овие работилници беше стекнување знаења и вештини за конструктивно разрешување конфликти преку согледување на потребите и интересите на двете страни кои се наоѓаат во конфликт.

Учениците, терминот конфликт најчесто го дефинираат како кавга, расправија, спротивставување, војна, а најчести причини за јавување на конфликт се: слаба комункација, недоразбирања, спротивставени мислења и сл. Во конфликтни ситуации младите реагираат бурно, надевајки се дека другата страна ќе попушти.

Со овие интерактивни работилници учениците се мотивираат за конструктивно решавање на конфликти низ стекнување вештини за слушање, емпатија, асертивност, создавање лична одговорност за сопственото однесување, при што стануваат свесни за своите потреби и интереси, и учат за соодветни начини на комуникација кои го спречуваат создавањето на конфликтите.

{loadposition content9}