Општина охрид
Работна средба социјален дијалог Учи паметно работи стручно
Општина Охрид ве поканува на работна средба – социјален дијалог „Учи паметно работи стручно“ на 8-ми февруари (среда) со почеток во 13 часот.
Во големата сала на Општина Охрид на ден 08.02.2023 година (среда) со почеток во 13.00 часот ќе се одржи работна средба – социјален дијалог „Учи паметно работи стручно“.
На настанот ќе бидат присутни: претставници од средните стручни училишта, компании со кои соработуваат средните стручните училишта во рамки на дуалното образование, Биро за развој на образование, Државен просветен инспекторат, Агенција за вработување, Центар за стручно образование, СОНК, МОН.


