Skip to main content

Пополнување на недостиг од кадар

Работници од Турција за угостителскиот сектор

Со квалификувани келнери, рецепционери, собарки, кувари и друг кадар од Турција да се спасува хотелско-угостителскиот сектор во Македонија поради недостигот на работници. Ова е планот на туристичко угостителската комора која објави дека може да обезбеди 5000 работници од Турција кои веднаш можат да почнат да работат доколку државата ги олесни процедурите за нивно вработување во земјава. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија за повисоки плати.
 |  инфодеск  | 
Работници Турција

5.000 работници од Турција за пополнување на недостигот од кадар во угостителскиот сектор во државава, најави Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Кадарот може да се обезбеди во соработка со организациите од Турција, кажа на прес конференција претседателот на ТУК, Аркан Керим дообјаснувајќи дека тие квалификувани работници веднаш ќе почнат да работат во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани.

Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но, за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани – истакна Керим.

Според проценките на ТУК, реалната бројка на работници кои недостигаат во овој сектор се движи околу 20.000, а доколку не се најде решени постои ризик за затворање на 50-60 проценти од постоечките капацитети.