Skip to main content

Работилница за третман на акутен исхемичен мозочен удар во организација на Кардиолошкиот центар Охрид

Првиот дел од еднодневната работилница насловен Ендуваскуларен третман на акутен исхемичен мозичен удар со Тренинг на симулатор е наменет за интервентни кардиолози, неуролози, неурохирурзи и радиолози. Останатиот дел од програмот е наменет за доктори од сите специјалности , доктори по општа медицина и студенти.
 |  инфодеск  | 

Работилница на тема: Третман на акутен исхемичен мозочен удар, во организација на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид во соработка со Microvention Terumo , Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија- “Св Еразмо” и Општа болница-Охрид ќе се одржи утре (16.04.2024).

Првиот дел од еднодневната работилница насловен Ендуваскуларен третман на акутен исхемичен мозичен удар со Тренинг на симулатор со инструктори Elisa Ponzeto и Khalid Berdouz е наменет за интервентни кардиолози, неуролози, неурохирурзи и радиолози.
Останатиот дел од програмот каде се сместени лекциите ( презентациите) е наменет за доктори од сите специјалности , доктори по општа медицина и студенти.

На програмата е online презентација на Д-р Саша Пјевиќ -интервентна неурорадиологија од Универзитетски клинички центар Марибор , Словенија на тема Механичка тромбектомија (аспирација) со употреба на Sofia и Sofia plus аспирациони катетри, предавање на Д-р Маја Божиновска-Смическа од СБ за ортопедија и трауматологија Св Еразмо Охрид на тема Тромболитична терапија кај акутен изхемичен мозочен удар и предавање на Доц. Д-р. Никола Бакрачески – СБ за кардиоваскуларни заболувања Охрид на тема „Да ги надминеме пристапните бариери: Лекции научени од успешните интервентнипрограми за мозочен удар“.