Skip to main content

Брег на охридското езеро

Рачна граната пронајдена кај Пештани

Рачната граната е безбедно подигната од претставник на Дирекција за заштита и спасување за натамошна постапка.
 |  инфодеск  | 
Пештани

На 14.03.2023 година во 08:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на брегот на Охридското Езеро, кај населбата Пештани, пронајдена е нексплодирана рачна граната од Првата светска војна.

Гранатата е безбедно подигната од претставник на Дирекција за заштита и спасување за натамошна постапка – се вели во соопштението на СВР Охрид.