Skip to main content

Реакција од РЦСОО „Ванчо Питошески“

Радески: Реконструкцијата на РЦСОО „Ванчо Питошески“ е при крај, динамиката исклучиво зависи од изведувачот

Реакција од директорот на РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Марјан Радески во врска со соопштениоето од ВМРО ДПМНЕ за одолговлекувањето на реконструкцијата на училиштето.
 |  инфодеск  | 

Во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК – Охрид, сакаме да истакнеме дека Mногу е лошо кога политиката ќе се инволвира во една од клучните општествени дејности, како што е образованието, реагира директорот на РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Марјан Радески во врска со соопштениоето од ВМРО ДПМНЕ за одолговлекувањето на реконструкцијата на училиштето.

Реконструкцијата на училиштето и ученичкиот дом, е една комплексна работа, а помеѓу останатото станува збор за објекти кои се градени пред повеќе од 60 години и факт е дека можат да настанат непредвидливи ситуации, вели Радески во соопштение до медиумите.

Динамиката на изградбата исклучиво зависи од изведувачот – Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Бауер БГ“ ДОО Скопје затоа што во поглед на сите изведени работи и зафати, навремено му се исплаќаат средства од страна на Министерството за образование и наука, каде што целокупната инвестиција изнесува нешто повеќе од сто милиони денари.“ – вели директорот на угостителското училиште.

Радески информира дека изведбените работи и зафати се при крај и работите се одвиваат со зголемен интензитет, со што за краток период, училиштето ќе добие еден современ изглед и ќе биде опремено со најсовремени средства за реализација на теоретската и практичната настава, како и со еден модерен сместувачки капацитет за учениците.

А во меѓувреме, училиштето продолжува со своите активности и организира настани за кои јавноста ќе биде известена во најкраток временски период, посочува Радески.