Без радио станица нема пловење
Пловилата со посилен мотор задолжително мора да имаат радио станица. Оваа одредба стартува од први јули. И од капетанија и сопствениците на пловилата ја поздравуваат оваа одлука.
Сопствениците на пловилата со посилен мотор од 20 киловолти кои имаат подрачје на пловидба повеќе од една наутичка миља одалеченост од брегот, имаат уште половина месец да си набават опрема која им ја налага новиот правилник за пловидба. Покрај тоа што мораат да имаат аларм за високо ниво на вода во потпалубата, електрична пумпа за празнење на вода, рачна пумпа за празнење на вода од чамецот, обврзен елемент во самата опрема станува и ВХФ радио станица.
–Со тоа ќе се подобри комуникацијата и ќе се подобри преносот на информациите од капетанија према учесниците во пловниот сообраќај и обратно. На еден многу понепосреден и побрз начин се ќе се одвива бидејќи ако има некаква нестреќа во некој дел од езерото јавувајќи на капетенија за тоа ќе дознаат и сите останати пловила кои се наоѓаат во езерото, вели капетанот Горан Устијаноски.
Доколку и после први јуни не се набави оваа опрема ќе следуваат повеќе мерки, информираат од охридската капетанија. Прво се дава рок за отстранување на недостатоците, а после следи забрана за пловење. Ако и покрај забраната се затекне чамец да плови се превземаат казнени мерки, вели Устијаноски. Сопствениците на чамците со поголема јачина на моторот сериозно се зафатиле за опремување на своите пловила по пропишаните стандарди.
–Многу добра работа затоа што на секого ни е потребна радио станица за полесна комуникација со капетанија и со другите објекти. На овој начин ќе се чуствуваме многу побезбедно, вели Зоран Ангелоски, капетан на пловен објект.
Инаку, во регистарот се евидентирани 1300 пловила но, од нив само околу 500 се во пловна состојба, вели капетанот Устијаноски. Стотина се од оние со мотор со поголема јачина. Од охридската капетанија се сигурни дека сите тие ќе се опремат по последните стандарди и најавуваат успешна летна сезона без некои поголеми проблеми во водениот сообраќај на Охридското езеро.
{loadposition content9}