Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани
Радмила Шеќеринска заедно со преставници од политичкиот врв на СДСМ денес во Охрид. Таа пред граѓаните уште еднаш кажа дека без исполнување на условите од договорот во Пржино избори нема да има. Шеќеринска зборуваше и за дописите кои пристигнале до ДИК од страна на Агенцијата за пошти и Дирекцијата за заштита на личните податоци кои бараат да се спречи понатамошното јавно објавување на сите податоци од избирачкиот список што според неа е уште една манипулација на ВМРО ДПМНЕ и спречување да се спроведат фер и демократски избори.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани. Таа на заедничката средба со граѓаните уште еднаш истакна дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска и државна криза предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на тоа голем број граѓани се иселуваат од државава, се соочуваме со низок економски стандард, со медиумски мрак, изборни измами и сериозни индиции за голем криминал, рече Шеќеринска. Ваквата состојба може да се промени само со фер и демократски избори, но и овие денови може да се види дека власта бега од тоа и сеуште сака да лови во матно, кажа заменик претседателката на СДСМ.
Во текот на вчерашниот ден до ДИК пристигнале дописи и барање од страна на две институции, Агенцијата за пошти и Дирекцијата за заштита на личните податоци кои преку ноќ станаа многу загрижени за заштитата на личните податоци на граѓаните на РМ. Тие бараат да се спречи понатамошното јавно објавување на сите податоци од избирачкиот список што е уште една манипулација на ВМРО ДПМНЕ и спречување да се спроведат фер и демократски избори, рече Шеќеринска.
На овој начин се крши изборниот закон и принципите кои беа договорени во Пржино, објаснува Шеќеринаска. Таа додаде дека овие институции со години молчеле кога се кршело правото на личните податоци на граѓаните, а сега одеднаш го свртеа листот.
На граѓаните на РМ им требаат избори и тоа час поскоро, но тие мора да бидат фер и демократски, а за тоа неопходен е чист избирачки список и реформирани медиуми. Ние до крај ќе се залагаме за тоа, а без тоа избори не се возможни, вели Шеќеринска.
Заменик претседателката на СДСМ не сакаше да го коментира вчерашниот потег на министрите од ДУИ кои ја напуштија Владата. Таа рече дека ВО Охрид се дојдени за да поразговараат со граѓаните за актуелните состојби во државава, а не да коментираат некакви постапки на поединци или партии.