Раката на законот кратка за сограѓаните со лепливи прсти
Крадењето е секојдневие во Охрид. Нема да кажеме ништо ново со информацијата дека кражбите се зачестена појава во градов. Се краде насекаде, во становите, во куќите, во институциите, во продавниците, во хотелско угостителските капацитети, како и во добро обезбедени објекти. Сограѓани, внимавајте добро, па дури и кога сте на работното место. Крадците не бираат место и начин како да дојдат до својот плен. На записите од видео надзорот, регистрирани во два наврати во нашава телевизија за краток временски период, повеќе од јасно се гледа се.
Проблематичната Џемиле позната е и во Центарот за Социјални работи, Охрид. Оттаму кажаа дека пред неколку години ја третирале како малолетен престапник, но немале ниту информација ниту документ дека има здравствени проблем. Бидејќи ова лице сега е полнолетно, од центарот велат дека престанале нивните ингеренции. Тие одговорноста за овој случај ја префрлија на СВР и кажаа дека доколку и понатаму ги повторува кривичните дела, треба да поднесат против неа соодветна пријава. Очигледно сите, освен СВР Охрид, бараат преземање на соодветни мерки против Џемиле.
Извештаите од СВР Охрид за кривичното дело кражба се само потврда за неажурноста на полицијата. Од сторени 173 дела минатат година, расветелни се 67 со познат сторител, односно охридските полицајци решиле едвај нешто повеќе од 1/3 од овој вид криминални дела.
{loadposition content9}