Skip to main content

Градоначалникот заигра ракомет и фудбал

Градоначалникот Никола Бакрачески официјално ги промовираше двете дисперзирани спортски паралелки кои се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“. Проговори за плановите, но и за проблемите со кои се соочија при нивното отварање.

 |  Јаковлева Лионела  | 
nikola bakraceski
никола бакрачески

 

Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги покажа своите афинитети кон ракометот, а и кон фудбалот. Тој промовирајќи ги двете спортски паралелки кои оваа учебна година се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ заедно со идните ракометари и фудбалери заигра на теренот. Градоначалникот не го криеше задоволството што токму нашиот град доби можност да едуцира кадри кои подоцна ќе бидат дел од македонските репрезентации кои ќе не преставуваат во светот.академија

Она што е најважно за нас е што со отварањето на овие паралелки ќе го развиваме  спортскиот дух кај младите  а со тоа правиме голем исчекор во развојот на спортот во градов, рече градоначалникот.

Двете дисперзирани спортски паралелки ги отвори Министерството за образование заедно со Спортаската академија, а финансиски ги  подржа Локалната. Во соработка со општината часовите ги води професионален тренер, физиотерапефт и заменик тренер кои работат со децата . Локалната треба да им набави опрема како и потребните реквизити кои ќе им служат за обавување на практичниот дел. Тренинзите се одржуваат секој ден и тоа во салата на СРЦ „Билјанини извори“, а дел од нив се одвиваат и на игралиштето во училиштето „Ванчо Питиошески“. Во паралелката за ракомет има 10 деца а во онаа за фудбал има 25. Фудбалерите до пред една недела не можеа да држат практична настава бидејќи немаа назначен тренер. Го запрашавме градоначалникот зошто се создаде ваков проблем.akademija

Изборот на тренер е процес кој го спроведува Спортската федерација на РМ, а ние само ја превземаме обврската да ги финансираме тренерите така да целокупната обврска за избор на тренер односно најпогоден кандидат  за тренирање на децата ја има Спортската федерација на РМ, рече градоначалникот.

Бакрачески додаде дека и не бил некаков проблем што децата досега немаа тренер и дека тие нема да имаат никаков проблем во совладувањето на програмата.

Инаку, локалната има намера наредната година  да отвори уште две паралелки, едната за тенис, а една за кошарка.

{loadposition content9}